Бијонсе веќе срушила многу рекорди, најбогата е и најмоќна жена во светот на шоубизнисот, а сега и во уште една категорија влегла во историјата. Славната дива станала жена со најмногу Греми номинации во историјата. Така ја минала кантри изведувачката Доли Партон која во својата кариера собрала вкупно 46 номинации.

 

Бијонсе остварила вкупно 47 номинации за престижната музичка награда. Славната пејачка досега освоила и 17 златни статуетки, а сигурно ќе освои уште некоја награда и на овогодинешното доделување со оглед на успешната турнеја со сопругот Џеј Зи ‘On The Run’, како и нејзиниот успешен петти албум ‘Beyonce’.