Популарната пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи станале родители на девојче, на кое и го дале името Иви Блу Картер, пренеле медиумите. Пејачката девојчето на свет го донела во саботата со царски рез во болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк, а Џеј Зи присуствувал на породувањето.

Парот го изнајмил целиот четврти кат на болницата, а пејачката се пријавила под лажно име – Ингрид Џонсон. Откако дознале дека се породила, нивните пријатели оставале многубројни честитки на Твитер, а меѓу првите кои им честитале била пејачката Ријана и Расел Симонс. Бијонсе својата бременост ја објавила во август на доделувањето на наградите MTV.