Бијонсе ги изненади своите обожаватели со нов сингл и видео спот кој го објавила на Тидал, нова музичка платформа чиј е косопственик. Баладата “Die with you” ја изведува сама на клавир, пеејќи за камерман кој не е никој друг туку нејзиниот сопруг Џеј Зи.

 

Како што пренесуваат медиумите, 33-годишната пејачка ја снимила оваа песна по повод седумгодишнината од бракот и како реклама за Тидал кој Џеј Зи го лансирал минатата седмица, а кој веќе собрал неколку големи имиња на музичката сцена, како Кање Вест, Ашер, Ријана и Ники Минаж. Месечната претплата за новиот сервис, кој се рекламира како „прва глобална музичка платформа во сопственост на уметници“, изнесува 19,99 долари за звук со висок квалитет и 9,99 долари за звук со стандарден квалитет. Тидал засега е достапен само во САД, Велика Британија и уште неколку земји.