Популарната пејачка и нејзиниот сопруг Џеј Зи се еден од најмоќните и најбогатите парови на денешнината, па воопшто не изненадува тоа што за своето прво дете ќе потрошат вистински мало богатство. Бијонсе и Џеј Зи на големо се припремаат за приновата, уредувајќи ја детската соба од 204 метри квадратни во својот луксузен стан во Њујорк.
Блиските пријатели за загрижени поради големината на детската соба и постојано ја прашувале Бијонсе дали ќе се плаши да го остави бебето во толку голема соба. Парот веќе го знае полот на детето, но не сака да го открие во јавноста.