Пејачката во петокот настапила прв пат по раѓањето на ќерката. Признала дека тешко работела како би се вратила во форма и како би изгубила 27 килограми. Трчала и јадела салата. Пејачката пеела три дена по ред на отворањето на едно казино во Атлантик Сити.

Во саботата предизвикала овации кај публиката настапувајќи во црвен секси костим и покажала дека е во сјајна форма. Меѓу обожавателите кои уживале на концертот била и првата дама на САД, Мишел Обама. Уживала во друштво на ќерките Саша и Малија. Мишел неодамна во едно интервју изјавила дека кога би можела да биде некој друг, би била Бијонсе.