Таткото на популарните пејачки Бијонсе и Соланж Ноулс, Метју Ноулс, се венчал минатата седмица во хјустон со поранешниот топ модел Џина Ејвери. Според пишувањата на таблоидите, на венчавката не присуствувала ниту една од неговите ќерки.
Официјално не станувало збор за бојкот. Таткото Метју изјавил дека неговите ќерки биле спречени со неодложни обврски, Бијонсе се наоѓала на својата турнеја, додека нејзината помлада сестра Соланж го промовирала својот нов соло албум. Метју и Тина Ноулс, мајката на Бијонсе и Соланж, се развеле во 2011 година.