Бијонсе одмара со сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви во Франција, а како минуваат таму, фановите се известени преку социјалните мрежи. Со своите фотографии поп дивата демантира дека нејзиниот брак не штима и дека на повидок е развод, но и не се воздржува да ги покаже своите гради и згодното тело.
Овој пат пејачката се фотографирала во бело бикини, а моделот кој го избрала ги истакнува нејзините гради, но не само тоа, туку и ги чува бубрезите, па фановите се разбира биле задоволни. Сепак, бидејќи повеќе пати била критикувана поради користењето фотошоп, изгледа овој пат се одлучила да не врши корекции со оваа програма.