Бијонсе објавила фотографии од својот одмор на Јамајка каде помеѓу останантото позирала во син метали костум за капење, покажувајќи го своето совршено тело. Бијонсе покажала како се забавува, поставувајќи фотографии на кои се качува по дрва, се забавува со помладата сестра и другаркте.

Пејачката ја избрала токму Јамајка како би се одморила од својата светска турнеја “Mrs.Carter Show”, а по релаксацијата се упатила во Лос Анџелес каде одржала концерт во Стејплс Центарот. На нејзиниот концерт присуствувале многу ѕвезди како Клеи Озборн, Џесика Алба и Витни Порт. Бијонсе светската турнеја ќе ја заврши на 22 декември со концерт во Њујорк.