Популарната пејачка Бијонсе им дозволила на обожавателите да влезат во нејзиниот приватен живот така што отворила веб страница на која поставила приватни фотографии, меѓу кои е и оваа на која е во бикини и со маска за нуркање.
Бијонсе и Џеј Зи, чија вкупна заработувачка се проценува на 72 милиони долари според листата на „Форбс“ од 2011 година, полека почнале дека го откриваат својот луксузен приватен живот, која досега го криеле како „змија своите нозе“.