Иако овие денови целото внимание на јавноста во светот на шоубизнисот е усмерено на номинациите за Оскар и доделувањето разни награди, Бијонсе уште еднаш успеала да го привлече вниманието врз себе. Имено, пејачката на Инстаграм објавила неколку провокативни фотографии од изминативе години, вклучувајќи ја и фотката од коверот на нејзиниот последен албум, враќајќи се се до своите бикини пози од 2007.

На една од фотографиите носи минијатурен бел фустан додека со рацете ги држи своите гради како би ги истакнала уште повеќе, а зад неа се гледа позадина на бања. НА друга фотографија го покажува асвојот исончан грб кој го красат само два златни ланци, додека носи полуоткриени и проѕирни пантолони со тигрест дизајн, а на главата има круна.