Популарната пејачка Бијонсе, која на 4 септември го прославила својот 31 роденден на романтично крстарење кое и го подарил саканиот сопруг Џеј Зи, направила неколку провокативни фотографии кои ги поделила со обожавателите.
На фотографиите пејачката навистина блескала и јасно се гледа дека уживала во одморот со сопругот и ќерката Блу Ајви, со која се обидува да го мине секој слободен момент. Среќното семејство се одмарало на крстарење, но пред неколку дена Бијонсе влегла во студио како би започнала да работи на новите песни.