Без некаква најава, утрово на продажната мрежа на ејпл апаратите бил објавен нов студиски албум на познатата пејачка Бијонсе. За сите песни на албумот таа снимила и спотови, па веќе по првите критики овој албум бил наречен визуелно ремек дело. Во видео реализацијата на славната пејачка се појавуваат и нејзините најблиски пријатели, семејството, сопругот и ќерката.

Откако бил објавен албумот Бијонсе во соопштението објаснила дека ја гледа музиката и дека кога нешто ќе чуе веднаш имала визуелна претстава како тоа би изгледало, низ слики на чувства, сеќавања од детството, мисли за животот, но и соништаа. Светската музичка икона слава стекнала во групата Дестинис Чајлд, а првиот солистички албум го снимила во 2003 година. Од првиот до последниот сите нејзини албуми биле многу успешни. Дали тоа ќе биде случај и со најновиот останува да видиме.