Пејачката Бијонсе оваа година е во трка за дури осум MTV награди вклучувајќи и видео на годината, најдобар женски вокал и најдобра кореографија. Нејзината песна “Drunk in Love” во која настапува со сопругот Џеј Зи е ривал на Фарел Вилијамс и неговата песна “Happy”. За видео на годината се борат и Иги Азалеа и Чарли XCX со својот хит “Fancy”, потоа Сиа и нејзината “Chandelier”, како и Мајли Сајрус со песната “Wrecking Bal”.
Постхумниот хит на Мајкл Џексон “Love Never Felt So Good” е во трка за најдобра кореографија. Овогодинешното доделување на престижните награди ќе се одржи на 24 август во Лос Анџелес.