Поп ѕвездата Бијонсе Ноулс безброј пати покажала дека е врвна пејачка, но и убавица. Списанието “GQ” ја прогласило за најубава жена во 21 век, во што ќе можат да се уверат и нивните читатели кога ќе го купат февруарското издание чија насловна страна ја краси популарната пејачка.
Црномурестата убавица позирала во тигрести гаќички, што нејзините фанови на форумите го прокоментирале како одлука во оваа година да форсира нешто посмел изглед.