Пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи наводно имале шест дадилки кои им помагале околу нивната ќерка Блу Ајви Картер, пренеле американските таблоиди. Извор близок на парот изјавил дека Бијонсе сака нејзината ќерка да има најдобра нега, а дадилките и ги менувале пелените на секој час.

Истиот извор открил дека гордиот татко за својата ќерка набавил дијамнатски обетки и нараквица од платина. Дури и нејзиното шишенце со цуцла имало сафири. Бијонсе се породила на почетокот на јануари со царски рез во болницата ”Lenoks Hil” во Њујорк.