Според листата на списанието Форбс, Бијонсе и официјално е најдобро платена пејачка во 2014 година со заработка од дури 115 милиони долари, што е двојно повеќе во однос на нејзината заработка од минатата година. Најголем дел во нејзината заработка, Бијонсе имала благодарение на големата светска турнеја на која била заедно со сопругот Џеј Зи.
Популарната пејачка која се смета за поп дива, од четвртото место кое го зазела минатата година, сега е на убедливото прво место. Зад неа е сместена Тејлор Свифт која оваа година според листата на Форбс имала заработка од 64 милиони долари.