На организаторите на нејзиниот концерт во Лондон, кој бил одржан пред неколку дена во О2 арената, Бијонсе им дала безброј барања. Секое од нив било несекојдневно, но безусловно морало да се исполни. На нејзината листа барања биле вода разладена на точно -6,1 степен Целизусов, сламка од титан која чини 677 евра, рачно направени кугли од мраз и црвена тоалетна хартија.

Пред концертот во О2 арената, Бијонсе барала целиот персонал да носи облека од стопроцентен памук. Но и тука не бил крајот. Инсистирала да ја користи машката соблекувална и во неа да се постават нови тоалетни шолји. Онаа која ја користеле Мадона и Ријана за неа била премногу мала.