Пејачката Бијонсе ќе настапи наредната година на Суперболот во полуфиналето на најгледаниот спортски спектакл во САД, на кој оваа година пеела Мадона. Суперболот ќе се одржи на 3 февруари во Њу Орлеанс, а славната пејачка на овој спортски спектакл претходно настапила во 2004 година.

Кога во јавноста се појавила информацијата дека Бијонсе следната година ќе пее на полувремето, многумина коментирале дека е време Мадона да оди во пензија. Познато е дека повеќе гледачи го следат полувремето на Суперболот отколку самиот натпревар, а Мадона ја гледале 114 милиони луѓе.