Светската ѕвезда Бијонсе ќе ја пее американската химна на свеченоста по повод инаугурацијата на претседателот Барак Обама која ќе биде одржана на 21 јануари, пренеле медиумите.

Комитетот за планирање на инаугурацијата соопштил дека на церемонијата за полагање на заклетвата ќе настапи и победничката на натпреварот Американски идол, Кели Кларксон, како и гитаристот Џејмс Тејлор.