Откако се појавила на модната седмица во Њујорк, пејачката Бијонсе одлетала во Лондон , каде ја претставила новата линија на нејзината модна куќа “House Of Dereon”. Посетителите на ревијата имале можност да ја видат Бијонсе која се појавила да ја поддржи нејзината мајка Тина, која воедно е и нејзина партнерка во водењето на споменатата модна куќа.


Трудната ѕвезда прошетала во црно сако и пантолони, а на нозете имала чевли со високи потпетици. Таа цело време се држела за рака со својата мајка, а била насмеана и добро расположена. “House Of Dereon”. ја основале во 2004 година, а модната куќа го добила името по бабата на Бијонсе, Агнес Дереон.