Иако неодамна признала дека се здебелила неверојатни 25 килограми за време на бременоста со ќерката Блу Ајви, Бијонсе успеала повторно да ја доведе својата фигура до совршенство. Нејзиниот тренер Марко Боргес открил дека таа јадела по еден оброк во денот како би го отстранила вишокот килограми, и дека избегнувала храна од животинско потекло.
Сето тоа не била радикална промена за неа. Дури и за време на бременоста, таа и сопругот Џејс Зи се придржувале на делумно здрава исхрана. После породувањето, Бијонсе продолжила да јаде здрави намирници, па така нејзиниот оброк се состоел од зелено јаболко, краставици, црвени пиперки и лимон. Планот за исхрана за ручек вклучувал само протеински шејк. Сепак, поп ѕвездата не ја одржувала совршената линија само со диета, туку и со интензивни тренинзи.