Не минал ниту еден месец откако Бијонсе ја родила својата прва ќерка Блу Ајви Картер, а пејачката и нејзинот сопруг, раперот Џеј Зи, веќе избрале кума за нивното првороденче.
Според американските медиуми, кума на девојчето ќе биде славната телевизиска водителка Опра Винфри. Блу Ајви била родена во Њујорк, а со помалку од една седмица станала најмладата личност која се нашла на листата на Билборд.