Вредноста на вереничкиот прстен во светот на познатите можеби не е показател на долговечноста на брачната заедница, но е предмет за престиж, а Бијонсе засега е сопственичка на најскапиот веренички прстен од пет милиони долари. Џеј Зи својата сакана ја запросил со 18-каратен дијамант кој го платил дури пет милиони долари.


Доналд Трамп минал малку поевтино, па на својата двојно помлада сопруга, манекенката Меланија Клаус ја дарувал со прстен вреден три милиони долари. Бракот на Ким Кардашиан траел само 72 дена, а по разводот од Крис Хемфрис, кошаркарот барал да му го врати вереничкиот прстен кој го чинел 2,3 милиони долари.