Бијонсе и објавила војна на својата колешка Лејди Гага, открива американскиот таблоид „Нешнал Енквајер“. Пејачките кои заедно го снимија хитот “Telephone” сега една на друга си упатуваат обвиненија. Бијонсе рекла дека Лејди Гага е вулгарен егоист, наведувајќи дека не сака никаков контакт со ексентричната звезда.


Таа додала дека Лејди Гага секогаш сака да биде во центарот на вниманието, алудирајќи на појавувањето на Гага во јајце на доделувањето на наградите Греми. Од таборот на Лејди Гага изјавиле дека Бијонсе сето тоа го зборува од љубомора, неможејќи да го поднесе вртоглавиот успех на својата сопарничка. Тие побарале од Бијонсе јавно да се извини за своите изјави.