Кога некои од најпознатите и најдобро платените ѕвезди на светот одат на одмор, не можеме да очекуваме ништо помалку од врвен луксуз. Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се почестиле со романтично бекство во Исланд.

 

Бијонсе Ноулс, е прогласена за една од најплатените музички изведувачи на светот оваа година со заработка од 155 милиони долари. Пред неа е само хип хоп могулот Др.Дре. Со таква заработка пејачката може да си дозволи најелитни патувања, а за божиќната ноќ таа и сопругот се одлучие за капење во Сината Лагуна, геотермален спа центар на Исланд.