И после седум години брак, популарната двојка Беј и Џеј се уште имаат страст еден кон друг и тоа може да се види од сликите направени викендов на италијанските острови во Сардинија. Пијани од љубов, тие си дозволија малку одмор и релаксација од нивните секојдневни обврски.

Облечени во свој стил, тие беа сликани на островот и во јахта во уникатни пози кoи зборуваат за нивната вљубеност.

Сензационалната Бијонсе и познатиот рапер Џеј Зи стапија во врска по снимањето на спотот „03 Bonnie & Clyde “ во 2002-та , а се венчаа во Април 2008 и денес имаат едно дете, тригодишната ќерка Blu Ivy.

 

OhridNews

Извор:pagesix.com