Светската музичка ѕвезда Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи наводно се разведуваат. Славната пејачка вистината за својот однос со сопругот ја крие од јавноста како не би се нарушила нејзината блексава репутација, јавуваат медиумите. И списанието “Life & Style” известува дека ни претстои еден од најнеубавите и најболните разводи на светот.
Извор блисок до пејачката открил дека Бијонсе многу внимава на својата слика во медиумите, и се што прави прави промислено. Опседната е со тоа нејзиното семејство да се прикаже како совршено. Моментално минува низ многу тежок период. Разводот бил неизбежен. Американските медиуми веќе пишуваа за тоа дека популарниот пар е пред разделување. Бијонсе неодамна ја отстранила тетиважата која се однесувала на нејзиниот однос со Џеј Зи, а тој после тоа потврдил дека „ништо не е засекогаш“.