Бијонсе и Џеј Зи наводно се разведуваат и веќе некое време живеат одвоено, пишуваат американските таблоиди. Непознат извор тврдел дека најголема причина за разводот меѓу сопружниците било тоа што Џеј Зи сакал деца, додека пејачката мислела дека е сеуште прерано за ширење на семејството бидејќи сакала да се посвети на кариерата.


Џеј Зи засега ќе живеел во Лос Анџелес, додека Бијонсе ќе биде во Њујорк. Извор близок на парот рекол дека со тек на време ќе одлучат за тоа што сакаат и дали ќе имаат деца или не, или пак секој од нив ќе тргне по својот пат. Раперот и пејачката се венчале 2008 година, а пред тоа пет години биле во врска.