Популарниот музички пар Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи својата петта годишнина од бракот ја прославиле на Куба. Тие со своето доаѓање во Хавана предизвикале огромен интерес кај мештаните. Десетици обожаватели се туркале како од што подобар агол би го виделе популарниот пар, и ги следеле додека парот одел во обиколка на градот. Исто така обожавателите сакале да им посакаат се најдобро додека вечерале во ресторанот “La Guarida”, а полицијата морала да интервенира како би ги држела луѓето на сигурно растојание.
Вработените во ресторанот покажале фотографии од Бијонсе и Џеј Зи како јадат заедно со нивните мајки типична кубанска вечера која се состоела од риба, пилешко, црн грав и ориз. Овој ресторан е познат по тоа што во него се снимал филмот “Јагоди и чоколадо“ и е посетен од голем број туристи.