Според американските таблоиди, бракот на Бијонсе и Џеј Зи е во криза. Иако изгледало дека тое двајца се еден од најстабилните парови во светот на шоу бизнисот, нивниот петгодишен брак се нашол во проблеми. Сепак, наместо да се разведат, тие ќе се обидат да останат заедно. Наводно одлучиле да направат пауза, па моментално Бијонсе е на турнеја во Австралија, а Џеј Зи во Европа. Неговиот пат во Австралија на почетокот на декември ќе биде обид за спасување на бракот.
Неименуван извор рекол дека одлуката да има концерти во Европа додека сопругата му е во Австралија предизвикала големи проблеми во бракот. Ја испланирал турнејата, а да не се консултира со Бијонсе, па дури и не се обидел да ги усклади датумите со неа. Таа ми рекла дека се однесува многу себично. Пејачката дури и не се обидувала да сокрие дека бракот им е во проблеми. Се чувствувала како самохрана мајка и се однесувала како да се на пробен развод.