Бијонсе и Џеј Зи се на заедничка турнеја, но нивната брачна состојба веќе долго е под знак прашалник и изгледа дека разводот е се поизвесен и се поблиску, бидејќи сопружниците не само што отседнуваат во различни соби, веќе и во различни хотели. Инаку, тие двајца веќе некое време се обидуваат да го спасат бракот, а додека се на турнеја имале и онлајн сеанси со брачен советник со кој разговарале преку скајп.
Сепак, изгледа дека не им помогнал ниту тој, бидејќи времето го минуваат во различни хотели, а на настапите доаѓаат посебно. Не само што е нивниот брак во криза, веќе и самата турнеја која се проценува на 100 милиони долари. Поради нивните кавги цела турнеја би можела да заврши порано отколку што било планирано. Според зборовите на еден од изворите, и настапот во Париз е неизвесен, додека настапот во Сан Франциско е под голем знак прашалник.