Според магазинот Форбс пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се најплатениот пар на светот. Тие во период од една година заработиле $78 милиони долари.

Во магазинот е наведено дека пејачката заработила повеќе од нејзиниот сопруг, поточно од својот последен албум и разните спонзорски договори таа остварила заработка од $40 милиони долари за една година.
На второ место на листата се наоѓаат минатогодишните победници, Жизел Бундшен и Том Брејди со заработка од $72 милиони долари, додека на трето место се Викторија и Дејвид Бекам со $54 милиони.