Поп пејачката Бијонсе по заршувањето на светската турнеја “Mrs. Karter šou” отишла на одмор. Таа и Џеј Зи со ќерката се опуштаат во преубавата Доминиканска Република, а пејачката дел од фотографиите поделила со фановите. На својата официјална страница објавила неколку фотографии од летувањето, на кое друштво и прават сопругот и ќерката.
Бијонсе се фотографирала без капка шминка и така уште еднаш ја покажала својата природна убавина. Покажала фотографии на кои си игра со својата ќерка, која од ден на ден се повеќе личи на неа. Во рамките на турнејата “Mrs. Karter šou” Бијонсе одржала дури 132 концерти ширум светот. Овој одмор воедно ја обележал и шестата годишнина од бракот на Бијонсе и Џеј Зи.