Еден од најуспешните брачни парови на светската јавна сцена, Бијонсе и Џеј Зи, судејќи според се ќе се разделат на некое време, бидејќи не успеале да ги изгладат несогласувањата после посетата на брачен советник. Тие двајца наводно ќе се разделат дури после завршувањето на заедничката турнеја, бидејќи сметаат дека имаат обврска кон своите обожаватели. Одлучиле да направат пробна пауза и да се разделат еден од друг, со оглед на тоа што нивниот брак веќе подолго време е во голема криза. Сепак, сеуште не сакаат дефинитивно да се разведат. Неименуван извор близок до славниот пат изјавил дека се обидуваат да смислат начин на кој ќе се разделат без развод.
Исто така се додава дека тие двајца веќе подолго време се во проблеми, и дека погрешиле кога помислиле дека раѓањето на ќерката Блу Ајви ќе го подобри нивниот разнишан однос. Многумина сметаат дека ова е нивна последна заедничка турнеја и дека работите дефинитивно не функционираат помеѓу нив, покажала и снимка која се појавила пред неколку месеци и на која се гледа дека сестрата на Бијонсе физички го напаѓа Џеј Зи. Инцидентот се случил на забава која ја организирала пејачката Мел Би. Сепак, тие на себе својствен начин се обиделе да ги демантираат гласините за разводот, па поставиле фотографија на Инстаграм на која уживаат во романтична прошетка со ќерката. Во брак се од април 2008 година.