Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи одлучиле да се почестат за Божик и да купат скапоцена вила. Нивниот нов дом ќе чини 85 милиони долари. Нивниот нов, простран и луксузен дом се наоѓа на Беверли Хилс, а пред да ја донесат конечната одлука за купувањето, парот имотот го разгледал дури шест пати.

 

Луксузната куќа има осум соби, 15 тоалети, вински подрум, кино сала, базен и гаража во која може да се паркираат 16 автомобили. За оваа недвижнина не биле заинтересирани само Бијонсе и Џеј Зи, но очигледно дале најдобра понуда и биле единствените кои можат да платат во кеш, па сега станале нови сопственици.