Иако веќе имаат луксузни вили во Њујорк и Хјустон, Бијонсе и Џеј Зи го разгледувале ранчот Неверленд во Санта Барбара кој му припаѓал на покојниот крал на попот Мајкл Џексон. Се шушка дека познатиот пар би можел наскоро да го купи и овој имот. Тие наводно биле спремни да издвојат повеќе од 18 милиони долари, додека Џексон истиот во 1988 година го купил за 17 милиони долари.
Сепак, семејството на Мајкл не било воодушевено што некој се интересира да го купи имотот, бидејќи тоа бил домот кој неговите деца го сакале и преку кој и понатаму можат да се поврзат со него. Неговите деца, според тестаментот, би требало да го наследат Неверленд кога ќе наполнат 30 години, така да не е познато што би се случило во случај на продажба.