Гордите родители Бијонсе и Џеј Зи ги изненадиле многубројните обожаватели кога ги поделиле првите фотографии од нивната ќерка Блу Ајви Картер. Наместо да ги продадат своите фотографии на некое списание за милиони долари, славниот пар преку друштвената мрежа ‘Tumblr’ поделил неколку интимни моменти со нивната сакана ќерка.


На една од фотографиите Бијонсе позира со ќерката, каде се гледа дека ноктите ги обоила во сина боја, како дел од посветата на малата ќерка. Покрај неколкуте фотографии, оставиле и порака во која се заблагодариле што фановите ја почитувале нивната приватност за време на прекрасниот период во нивниот живот. Исто така им посакале добредојде на фановите и пишувало дека сакаат со нив да ја поделат огромната среќа.