Пејачката Бијонсе Ноулс ужива во последните денови на одморот со сопругот и ќерката Блу Ајви. Иако гласините за неминовниот развод ги следеа цело лето, се чини дека на сопружниците Бијонсе и Џеј Зи тоа воопшто не им смета да уживаат во семејниот одмор во Европа.

 

Парот заедно со ќерката Блу Ајви и пријателите, летниот одмор го мина на луксузно крстарење по Медитеранот, а фотографиите од одморот пејачката ги подели со фановите на Иснтаграм. Да потсетиме, гласините за разводот на еден од најмоќните парови во светот на шоу бизнисот се појавија ова лето. Парот сеуште не се огласи по тој повод, а во медиумите се појавија фотографии од нивното семејно летување на кои Бијонсе и Џеј Зи делуваат среќно и вљубено.