Откако одлежала во болница три дена, Бијонсе задно со својата ќерка Блу Ајви Картер ја напуштила њујоршката болница “Lenox Hill”. Таа и Џеј Зи неодамна добиле наследничка. Породувањето се случило пред неколку дена, но според неофицијални извори, тие болницата ја напуштиле вчера.

Џеј Зи дошол по Бијонсе и ќерката во црн џип со затемнети стакла, додека во позадината го следеле бројни автомобили. Парод досега вложил повеќе од милион евра како би го припремил домот за доаѓањето на наследничката. Иако фотографија од бебето сеуште не се појавила во јавноста, раперот Фифти Сент, кој е во повеќегодишна војна со Џеј Зи, поставил фотографии од фотошоп на парот со ќерката, со што уште еднаш се закачил со својот ривал.