За својот роденден, познатата дива доби голем број честитки како од нејзините пријатели и колеги, а посебно ја израдува нејзиното семејство.
Инстаграм во петокот беше во знакот на популарната пејачка Бијонсе на која роденденот и го честитаа голем број фанови и нејзините најблиски. Веројатно најемотивна беше честитката на нејзината ќерка Blue Ivy, која напиша „#1 Mama“.
Сопругот Џеј Зи на својот профил објави заедничка фотографија со текст од песната „Yellow“ на групата Coldplay за која напишал дека го потсетува на нивното летување.
„Погледни ги ѕвездите, погледни како светат за тебе. Тие не претставуваат нас, како живееме во свој свет, надвор од работата и опиени од љубов.“ – напиша Џеј Зи на Инстаграм профилот.
Искрени честитки на Бијонсе и упати и првата дама на САД, Мишел Обама, нејзината колешка Тејлор Свифт, како и познатата глумица Гвинет Палтроу која на Инстаграм објави слика со нејзината ќерка и со Бијонсе.
OhridNews
Извор:Story