Бијонсе го откажала концертот во Белгија поради замор и дехидрација. Како што пренеле агенциите, нејзиниот претставник за медиумите изјавил дека лекарите и советувале на пејачката да одмара. Концертот, кој требало да се одржи во палатата на спортовите во Антверпен, ќе биде поместен за некој друг датум.


Постои можност да биде откажан и нејзиниот нареден настап, закажан во истата сала. Во соопштението на нејзиниот агент било истакнато дека таа чекала совет од лекарите како би донела конечна одлука.