На доделувањето на МТV наградите најголемото изненадување го приредила Бијонсе. Позирајќи им на фотографите, та се фатила за стомакот и покажала дека е бремена.
Таа ја извела песната “Love On Top”, а на публиката и се обратила со зборовите „сакам да ја почувствувате љубовта која моментално расте во мене“.
За време на настапот го галела својот стомак, а нејзиниот сопруг Џеј Зи кој бил во публиката добил честитки од своите колеги.
Инаку Бијонсе и Џеј Зи се венчале во 2008 година во Њујорк, а неодамна Бијонсе во едно интервју изјавила дека планирала да се породи кога ќе наврши 30 години, што и ќе се случи наредниот месец.