Фотографијата на славната пејачка Бијонсе на плажа закопана во песок со нагласен стомак и истакнати гради, повторно го отворила прашањето дали славната дива е бремена или не. Таа фотографијата ја поставила на Инстаграм, па сега нејзините следбеници и фанови шпекулираат дали тоа е нејзин начин да објави дека повторно е во блажена состојба.
Таквите потези се вообичаени за познатата пејачката која секогаш низ игра и пораки го објавувала она што се однесува за нејзиниот личен живот. Бијонсе својата прва бременост во 2011 година ја објавила на доделувањето на МТВ наградите кога на крајот на настапот го покажала својот труднички стомак и оттогаш медиумите се опседнати со тоа да пронајдат доказ за нејзината втора бременост.