Музичката дива Бијонсе неодамна дознала дека има четиригодишен брат, а сега на нејзина адреса пристигнало уште едно обвинение на име на нејзиот татко Метју Ноулс, за издржување дете, а овој пат во прашање е девојче. Имено, Метју бил во наводна врска со топ моделот Такоја Бранскомб, која тврди дека во 2010 со него добила ќерка и дека мора да и плаќа алиментација.
Манекенката исто така испратила барање за утврдување татковство, за никој да не може да ја обиини дека сака само да изнуди пари од Метју. Токму поради вакви ситуации, мајката на Бијонсе после 31 година се развела од својот сопруг, бидејќи повеќе не можела да излезе на крај со неговите афери. Метју моментално плаќа по 2500 долари за издржување на синот, додека алиментација за ќерката ќе плаќа оној момент кога ќе бидат готови резултатите од тестот.