Турнејата „Mrc.Carter Show“ ја воодушевила Европа, а сега по еден месец пауза Бијонсе се враќа на сцената. Турнејата е многу доходовна за пејачката, па само од настапите во Лондон, шест концерти по ред, заработила 9,7 милиони долари. На ред се Северна и Јужна Америка, а поради големата побарувачка додала дури 25 нови концерти.
Турнејазата завршува во Бостон на 20 декември токму пред Божик. Фановите ќе мора да го причекаат новиот албум, но нејзините нови синглови ‘Grown Woman’ и ‘Standing On the Sun’ веќе се хитови. Бијонсе ја прославила и десетгодишнината од излегувањето на својот прв албум ‘Dangerously In Love’, а по се што постигнала во тој период, желно исчекуваме нови изненадувања.