Американската пејачка Бијонсе добила улица, односно булевар на Бермудските острови. Улицата самоиницијативно ја преименувале жителите, откако познатата пејачка настапила на тоа место во рамките на музички фестивал кој бил одржан во 2008 година.
Иако промената на името на улицата не е официјална, новото име станало толку популарно што била поставена табла со името на пејачката. Еден од жителите изјавил дека по нејзиниот настап, сите почнале улицата да ја викаат булеварот на Бијонсе, а додал дека денес речиси сите така ја викаат улицата, па дури и кога им даваат упатства на туристите.