Пејачката Бијонсе, која го чека своето прво дете со сопругот Џеј Зи, изјавила дека започнала да креира облека за бремени жени. Во интервју за ноемвриското издание на списанието „Харперс“, рекла дека дизајнира облека за жени кои сакаат да изгледаат сјајно додека се во блажена состојба.
Додала дека сака да смислува модни креации кои ја прават заносна и сески додека е бремена. Популарната пејачка открила дека пробала околу 70 фустани пред да го избере оној вистинскиот за доделувањето на MTV музичките награди, кога ја објавила веста за својата бременост.