Управата на најпопуларниот сајт за преглед на видео клипови Ју Тјуб објавила список на музички ѕвезди кои го „надувале“ бројот на прегледи на своите спотови. Бијонсе, Лејди Гага, па дури и покојниот Мајкл Џексон со помош на хакери направиле бројот на прегледи вртоглаво да расте. На Лејди Гага и биле одземени 156 милиони лајкови за лажирање, а без кликови останала и Бијонсе, како и Мајкл Џексон.

Од Ју Тјуб објасниле дека за ситуацијата не се виновни ѕвездите, туку продуцентските куќи кои ангажирале хакери за таа цел. Апослутен рекордер по бројот на прегледи е корејскиот рапер Псај, а неговиот спот за песната „Гангнам Стајл“ досега бил прегледан 1,25 милијарди пати. Само на реклами кои се емитуваат за време на спотот, компанијата Гугл досега заработила повеќе од осум милиони долари.