Унгарската музичарка Моника Јухаш Мижура, попозната на Мутсу изведувачка на унгарска ромска музика, поднесе тужба против американските колеги Бијонсе и Џеј-Зи и продуцентот Тимбаланд поради песната „Drunk in Love“, и тврди дека се користени делови од нејзиниот хит од 1995 година „Бајбам, Бајбам, Пелем“, пишува Entertainment Weekly.
Во тужбата поднесена на 12-ти декември, Мутсу тврди дека тројцата споменати американски музичари и’ ја украле ромската фолк песна снимена во 1995 година, како и дека ја искористиле за првите 13 секунди од хитот „Drunk in Love“.
Истакнува дека за тоа никогаш не им дала дозвола, а како најлошо го смета тоа што нејзината песна за безнадежноста „Бијонсе ја искористила да побуди еротичност со помош на сексуално интензивни зборови“.
Унгарската пејачка тврди дека триото морално ја расипало нејзината песна и дигитално го изманипулирале нејзиниот глас. Митсу бара отштета, а од судијата бара да го забрани емитувањето на песната и дистрибуцијата додека во песната се слуша нејзиниот глас.
OhridNews
Извор:„Макфакс“