Американската пејачка Бијонсе ги изненадила посетителите на продавницата на ланецот Волмарт во Тјуксбери, Масачусец, каде свратила во рамките на промоцијата на својот најнов албум “Beyonce”. Пејачката дошла во придружба на неколку лица и биле доволни само неколку секунди да ја препознаат.

И била дадена можност да ги поздрави своите фанови преку разглас, по што настанала општа паника. Пејачката потоа на купувачите им поделила коверти со ваучер од 50 долари. Според медиумите, поп ѕвездата разделила 750 ваучери со вкупна вредност од повеќе од 37 илјади долари. При заминувањето од продавницата, купила неколку примероци од својот нов албум.